Времето ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе за благ пад на температурите. Минималните температури ќе се движат од 10 до 19, а максималните од 24 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 30 степени.
И во вториот ден од викендот ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Од понеделник под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време со дневна температура насекаде над 30 степени, а кон средината на неделата на повеќе места ќе биде над 35 степени.