Кејт Мери Брнс го помина и последниот филтер за именување на амбасадор со добивање на поддршката од американскиот Сенат. Новоназначената амбасадорка на САД сега ќе може да започне својата нова дипломатска мисија во Скопје.
Брнс беше именувана од претседателот на САД, Доналд Трамп, пред повеќе од една година, а таа доаѓа на местото на Џес Белји, кој ја напушти функцијата во февруари оваа година.
Американката Брнс, која дипломат од кариера 26 години, ја доби довербата од Сенатот, скоро два месеци откако беше сослушана од Комитетот за надворешна политика на нејзината земја. За неа, главни приоритети ќе бидат стабилноста, унапредувањето на човековите права и безбедноста.
Наследничката на Бејли доаѓа во нашата земја по нејзината функција како заменик шеф на мисијата на САД во Атина, а претходно таа беше постојан претставник на Мисијана на САД на ОБСЕ во Виена.
Според неа тоа може да се обезбеди само со градење силни и независни институции. Таа се залага за цврсто партнерство со Македонија, што ке се потврди и со членството во НАТО.
Брнс е дипломат од кариера веќе 26 години, а како амбасадор во земјава доаѓа по нејзината функција заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно таа беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена.