Променливо облачно и потопло со долги сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер.
Дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 30 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени.
УВ индексот ќе изнесува седум.
Од недела ќе биде претежно сончево и топло, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.