Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната од
18 до до 24 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а од среда со повремени врнежи од дожд, наместа проследени со ретки грмежи, особено во попладневните часови. Дневните температури ќе бидат без значителна промена, а утринските ќе бидат над нулата.