Владата на денешната седница одлучи уште илјада стечајци да добиват финансиска помош од државата до нивното пензионирање.
– Владата го усвои предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, со кој се проширува опфатот со нови 1.000 стечајни работници на кои им се решава статусот со месечен паричен надоместок до моментот на нивното пензионирање – соопштија од Владата.
Од таму додаваат дека со претходните законски решенија и со овој предлог-закон речиси 12.000 стечајни работници добиваат финансиска поддршка и материјално обезбедување до моментот на нивното пензионирање.