Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска официјално ја предаде функцијата на новиот министер Трајан Димковски. На прес-конференцијата Николовски посочи дека новиот министер Димковски ќе ги продолжи започнатите процеси во секторот и отворената комуникација со сите чинители во земјоделството. Посочи дека веќе се заокружува тоа што се вети во 2016 година, односно редовната и целосна исплата на субвенциите, „зелената нафта“, ослободување од персонален данок, инвестиции во капитални проекти за наводнување, нови закони и измени на постојните.
Притоа, Николовски ги презентираше дел од мерките и политиките кои се преземаа во изминатите две години за развој на земјоделството и справување со затeкнатите проблеми. Две години по ред, земјоделците ги добиваат субвенциите тогаш кога им се потребни, пред почетокот на новата производствена сезона. Исплатени се наследените долгови за субвенции од 2013, 2014 и 2015 година, а парарлено редовно се исплаќаат тековните субвенции. По овој основ досега се исплатени близу 290 милиони евра.
Новиот министер Димковски, потенцираше дека во изминатите две години, се воспостави секојдневна отворена комуникација со земјоделците, со цел да се носат соодветни решенија од интерес на земјоделците, а секогаш кога беше потребно, кога земјоделците се соочува со проблеми во пласманот, ниски откупни цени, штети од временски непогоди, во комуникација со земјоделците навремено се носеа мерки со цел да се надомести загубата, но и мреки за стабилизирање на пазарот.
– Овие мерки и политики што ги презентиравме денеска со Николовски, се само дел од нашата тимска работа изминатите две години. Јас, како нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, одговорно и со задоволство ја преземам обврската успешно да ги продолжам сите започнати мерки и проекти и она што е нјаважно овој период подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ. За крај би сакал јавно на Николовски да му изразам благодарност за укажаната доверба да го водам овој важен сектор – изјави новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.