Намалена видливост до 20 до 30 метри поради магла има на патниот правец од село Лисец до Попова Шапка, соопшти ЈП Македонија пат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.