На денешната 127-ма Седница, Владата ја усвои Предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитено подрачје во категорија В-заштитен предел, со што територијата на заштитени подрачја на ниво на држава изнесува се зголеми на 13,8 отсто, информира министерот за животна средина Насер Нуредини.
Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел – Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата.
– Во оваа прилика изразувам благодарност до Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за разбирањето и поддршката во заштитата на природните вредности и обезбедувањето на одржлив социо-економски развој и на ова подрачје – вели во соопштението Нуредини.