Археолошкиот музеј во Скопје оваа година во рамките на Европски денови на културно наследство и во согласнот со овогодинешната тема „Уметност и забава“ на 25.09.2019 во 10.30 часот ќе организира креативна работилница насловена „И јас можам“ во едукативното катче „Млади археолози“ за дечињата со аутизам, адхд и асперегов синдром кои доаѓаат од здружението „Во мојот свет“.
Како општествено одговорна институција која е музеј за сите, ја промовираме инклузивноста со редовно организирање на едукативни работилници кои имаат за цел поттикнување на креативноста и имагинацијата на лицата со попреченост.
Музејот има повеќегодишна соработка со посебното основно училиште „Иднина“, Скопје, Центар за целебрална парализа, Скопје, ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија Скопје, Здружение на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“, Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ Скопје, како и со Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“, Струмица, каде музејот преку својот претставник, Марија Димишковска, се јавува и како поддржувач на манифестациите „Убави сме, свои сме“ и „Спортски игри на еднаквоста“.
Археолошката едукативна работилница има програми за сите деца од предучилишна и училишна возраст. Интерактивните содржини и можноста за креативно изразување преку моделирање со глина, цртање и пишување го привлекуваат вниманието на дечињата кои одбираат да ги прославуваат своите родендени токму во катчето „Млади археолози“.
Музејот и во иднина најавува богата програма и организација на настани во кои редовно ќе ги вклучува сите деца.