Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град, информира УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 25 до 33 степени. УВ- индексот ќе биде 8
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 30 степени.
До четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи. Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.