Мерките на попуштање на ограничувањата воведени поради коронавирусот се во тек во многу земји.

Во Франција 1,5 милион деца се враќаат во училиштата и градинките. За нив, тоа е одлично бидејќи, конечно, ќе може да си ги видат пријателите, но нема да може да си играат со нив, пишуваат странските медиуми.

Поради оваа причина, на интернет почнаа да се споделуваат фотографии на кои се гледаат деца што седат сами во игротеки и училиште додека масите им се на растојание од нивните пријатели.

 

Целта на воведените мерки е да се намали ширењето на коронавирусот и истовремено да се помогне во одржувањето на социјалното растојание, но децата не може да го разберат тоа.