Во последните 24 часа регистрирани се нови 66 случаи на ковид-19, од направени 983 тестови. Оздравени се 115 пациенти, а не е пријавено ниту едно починато лице, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Скопје се 50, Битола и Охрид по 5, Македонски Брод 2, Прилеп , Кавадарци, Штип и Струмица по 1.
Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции.
Регистрирани се 115 оздравени пациенти од Скопје 87, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци, Тетово , Велес и Гостивар по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)
Скопје 147.424, активни 225
Куманово 16.685, активни 7
Битола 15.724, активни 35
Прилеп 14.223, активни 6
Тетово 13.488, активни 8
Кавадарци 10.699, активни 8
Велес 9.802, активни 2
Гостивар 9.616, активни 8
Охрид 8.945, активни 8
Штип 8.084, активни 14
Струмица 8.081, активни 5
Кичево 5.653, активни 2
Кочани 5.101, активни 5
Струга 4.730, активни 2
Гевгелија 4.425, активни 1
Неготино 3.700, активни 2
Ресен 2.751, активни 0
Свети Николе 2.637, активни 1
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.419, активни 1
Делчево 1.986, активни 1
Берово 1.693, активни 2
Дебар 1.681, активни 3
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.395, активни 1
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 1
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 741, активни 2
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0.