Иако бројот на заразени во Скопје го надмина бројот на заразени во Дебар, се уште не се размислува за воведување карантин во Скопје и околината. Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вели дека доколку е потребно, ќе се воведат поригорозни мерки за ограничување на движењето на луѓето.
– Засега не се размислува за карантин. Тоа сепак е одлука на Владата. Ние како Министерство за внатрешни работи го зголемивме бројот на полицајци за контрола на лицата во изолација, во самоизолација и за почитување на мерките и одлуките од Влада. Доколку е потребно ќе бидат воведени поригорозни мерки за движењето на луѓето – рече министерот Чулев.
Мнистерството за здравство утрово извести дека бројот на потврдени пациенти заразени со коронавирус во Скопје изнесува 34, во Дебар се регистриран 30 заразени, а по еден има во Гостивар, Штип и Охрид.