фото: Зоран Антоски

Во денот кога нема ниту еден новозаболен, коровирусот ја зеде и 14-тата жртва во Кичево, во исто време уште едно лице е оздравено и бројот на активни случаи се спушти на 45 лица, кои се претежно на домашно лекување и со полесна клиничка слика.

Во оваа општина вкупниот број на инфицирани од појавата на ковид-19 изнесува 286 лица, 225 лица се излекувани и 14 починати.

И натаму важат апелите на Кризниот штаб за почитување на превентивните мерки и протоколите.

– За жал и денес имаме нова 14-та жртва од ковид-19 во нашиот град, а се работи за лице на 74-годишна возраст. Радува и информацијата што не се регистрирани новозаболени, така што бројката на активни случаи е подносливо мала и изнесува 45 лица. Нема да кажам ништо ново ако потсетам дека и понатаму во целост треба да се почитуваат мерките, ако сакаме да нема нов скок на инфицирани лица – вели д-р Џабир Бајрами, член на Кризниот штаб.

З.А.