Денеска во општина Прилеп има 4 нови случаи на позитивни од коронвирус, а од лицата инфицирани со овој вирус, нема нови оздравени, информираат од општина Прилеп.
Во Инфективното одделение на општата болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 16 лица позитивни на ковид-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат двајца пациенти.
Во самоизолација се наоѓаат 228 лица, а во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час.
Доколку дозволат временските услови, денеска и утре ќе биде спроведена акција за дезинфекција на улиците во повеќе населени места во општината. Дезинфекционите средства ги обезбеди општина Прилеп, а дезинфекцијата ќе биде реализирана со земјоделска механизација на месното население.
Во понеделник, 4 мај, на иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во просториите на општина Прилеп од 9-14 часот ќе се одржи крводарителска акција.
– Доброволното дарување на крв е секогаш добра идеја, дури и во услови на пандемија. Има болни на кои нашата крв им е неопходна, кои не можат и не смеат да чекаат да помине пандемијата на ковид-19 – вели градоначалникот Илија.
Ка.М.