Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и советникот за односи со јавност на претседателот на Владата, Марјан Забрчанец се во домашна изолација, бидејќи имале контакт со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој е позитивен на коронавирус.
Тие преку Фејсбук информираа дека ќе бидат во самоизолација по препорака на епидемиолозите.
Во изолација ќе биде и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, кој ја извести јавноста дека бил во контакт со заразено лице.
И директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, на Фејсбук објави дека имал контакт со Мухамед Зекири и оти ќе биде во изолација.