Сè уште официјално не сме известени дека за Косово е потребен ПЦР-тест. Немаме известување за ваква одлука од страна на Косово или од нашите власти. Ако има ваква одлука, нашата јавност ќе биде информирана. Владата нема донесено ниту одлука за реципроцитет за државјаните на Косово, вели владиониот портпарол Муамед Хоџа на прашањето дали за влез во Косово од нашата земја е потребен ПЦР-тест. Според него, засега таква информација не е пристигната до Владата.
Во врска со смртноста во последните неколку месеци на ковид-пациенти, беше одговорено дека Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје водат евиденција за возраста, полот, местото од кое доаѓа и коморбидитети, на сите пациенти кои се починати во здравствените установи во земјава, а биле позитивни на ковид-19. Најголем дел од егзитирани пациенти се со други болести кои дополнително ја влошиле нивната состојба. Околу 90 проценти од сите пациенти кои се починати, имале најмалку една, до две други болести, што дополнително ја влошиле нивната здравствена состојба и довеле до смртен исход. Најчести болести кои ги имале тие пациенти, заразени со ковид-19, се кардиоваскуларни болести, дијабет, болести на бубрезите и пулмолошки болести. Дел од пациентите кои починале биле со карцином во понапредна фаза или имале тешка хируршка интервенција по која настапила смрт, информираа владините портпароли, кои посочија дека детална анализа за морталитетот на сите лица од ковид-19 за целиот период од почетокот на пандемијата ќе биде објавена дополнително.