„Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ од утре го ставаат на располагање на Министерството за здравство целосниот капацитет на хотелот „Ибис стајлс“, поранешната болница Мала Богородица–Систина.
Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на сомнителни лица на вирусот Ковид-19 на кои им е определен 14 дневен изолационен период (карантин) од надлежните здравствени институции.
– Дополнително ќе биде обезбеден медицински тим од „Аџибадем Систина“ заедно со сета друга неопходна медицинска поддршка. Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од 2Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ – соопшија од „Аџибадем Сиситина“.
Хотелот „Ибис стајлс“ има капацитет од 47 соби кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали.
Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот „Ибис стајлс“, „Аџибадем Систина“ и „Орка Холдинг“ се подготвени и целосно да ги отстапат капацитетите на „Ибис Скопје Сити Центер“ хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.
– На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината – велат од „Аџибадем Систина“.