Ако не се донесеше ограничувањето на работата на угостителите, но и ако не се продолжи полицискиот час, ќе требаше да се затвориме за Бајрам и Велигден. Ова го кажа заменик-министерот за здравство, Илир Хасани. Според него, овие мерки ќе треба да го намалат притисокот врз болниците. Тој повика истите да се почитуваат и да се празнува безбедно.
– Се наоѓаме во тешка општа состојба. Ние размисливме проактивно. Или ќе ограничиме или ќе се затвораме за Бајрам и Велигден. Ако не носиме одлуки, со сигурност ќе се затвориме за празниците. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека ќе ги поминеме празниците без ограничување. Сепак, граѓаните ќе мораат да внимаваат, бидејќи традиција е да одиме по домовите на старите луѓе, а за нив вирусот е најфатален. Овие мерки иако се непопуларни, се со цел да се намали притисокот врз болниците. Британскот сој излезе дека е поопасен. Ние носиме ригорозни мерки за претстојните празници да се поминат празнично и да бидат посветени на семејството и најблиските, а не на тоа дали некој член на семејството во тешка состојба во болниците. Се надеваме дека ефектите од овие мерки ќе бидат позитивни. Да празнуваме безбедно, а тоа зависи од нас – рече Хасани.
Инаку, од утре затвораат угостителските објекти, теретаните и се забранува одржување на семинари и курсеви. Ова се дел од новите мерки за спречување на ширење на коронавирусот. Според премиерот Зоран Заев, има голема олабавеност и непочитување на мерките, а оптеретеност на здравствениот систем. Движење ќе биде дозволено само со посебни дозволи.