Покажувањето на задолжителните документи за имунизација со најмалку прва доза или за прележан ковид-19 во изминатите 45 дена е задолжително при влез во угостителските објекти, како што се забележува на фотографијата на нашиот колега Игор Бансколиев.
Од денеска во сила стапија новите рестриктивни мерки според кои во угостителските објекти и на настани ќе може да влезат вакцинираните граѓани, а според дополнувањето и оние кои прележале ковид-19 во изминатите 45 дена.
Се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација со најмалку прва доза. Ќе има редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, но и за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18-годишна возраст.