Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе остане 14 дена во самоизолација.
Тој посочи дека по епидемиолошката анкета ризикот е мал, но и во такви околности треба да се пристапи сериозно.
– Ќе останам 14 дена во самоизолација, иако беше оценето после епидемиолошката анкета дека ризикот е мал. Сметам дека и на најмал ризик треба да се пристапи сериозно – рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.
Во насока на тоа, министерот додаде дека размислува за здравјето на најблиските, големиот број вработени во Министерството за здравство, како и неговото лично здравје, а истовремено сака и да им даде пример на сите граѓани во државата.