Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека состојбата во болниците е стабилна и оти постепено се намалува бројот на пациенти, по редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид-центрите.
– На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид-центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира – наведе Филипче преку неговата официјална фејсбук-страница.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 961 лице позитивни и суспектни на коронавирусот. A во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, како што соопшти Министерството за здравство.