Има зголемување на бројките на заразени, но така е низ целиот свет. Сепак, во многу земји се воведуваат повторно рестриктивни мерки. Важно е што нема притисок во болниците. Моментално на Инфективната клиника се лекуваат 15 пациенти, изјави министерот за здравство, Венко Филипче од Гевгелија.
Тој соопшти дека здравствените власти интезивно ги пратат препораките на СЗО и останатите земји, во однос на вакцинацијата.
– Едното од можните сценарија е воведување на трета доза, а можно е вакцината да стане и сезонска. Вирусот нема да исчезне одеднаш и делта сојот нема да биде последен – додаде Филипче.
Според него, би имало мерки за тие што не се вакцинирале.
– Не можеме сите да ги ставаме во опасност. Ставаме акцент на вакцинацијата. Сметам дека нема да спласне интересот – потенцира Филипче.