Вкупно 35 заболени и нови 30 тестови се моментно на анализа во Институтот за јавно здравје, информираше минситерот за здравство Венко Филипче на последната прес-конференција. Тој вели дека лицата кои се тестираат за коронавирус немаат симтоми и се дел од скринингот кој претходно го најави.
– Се прават анализи на 30 лица, едно од Куманово, две од Скопје и останатите 17 се од Дебар и околината, а по скринингот односно индикацијата за тест. Станува збор за лица кои немааат симтоми но е можно да биде во контакт со кој од заболените. Ние имавме разговор со нашиот инфектолог, како и локалните инфектолози и тие имаат алгоритам по кој постапуваат – рече Филипче.
Тој посочи дека вчера доцна во вечерта се дијагностицирани уште четири пациенти позитивни на вирусот. Состојбата на сите е стабилна и со лесна клиничка слика.
– Вкупната бројка е 35. Вчера касно вечерта се изработија резултати на уште 4 пациенти кои беа во врска со претходно дијагностицирани, како групата од вчерашниот ден која беше последно дијагностицирана, а врз основа на епидемиолошките резултати кои тие ги дале при анкетирање. Сите се со лесна клиничка слика, стабилна е ситуација на сите пациенти кои се на Клиниката за инфективни болести, како и на пациентите од Дебар, но и на пациентката која е на респираторна машина – додаде Филипче.