Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во идниот период се очекува бројот на пациенти заразени од коронавирусот уште повеќе да расте, па дека токму затоа се прави и реорганизација на капацитетите во болниците.
– Се очекува дека бројот на испишани на пациенти ќе биде помал од бројот на примени пациенти. Вториот бран дојде порано од тоа што го очекувавме – рече Филипче.
Во моментов, во болниците се сместени 330 пациенти заболени од ковид-19. Најголеми жаришта на ковид-19 во земјава засега се Скопје и Тетово.
Министерот Филипче рече дека засега не се планира да се воведат рестриктивни мерки, туку активностите се насочени кон реорганизација на болниците и лоцирање на контактите со цел да се има комплетен увид во кластерите.