Состојбата во болниците е стабилна, а досега се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, кажа министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за епидемиолошката ситуација.
– Состојбата во болниците е стабилна, односно нема голем наплив на пациенти секаде низ земјата. Вчера и утринава има поголем број на слободни кревети, а бројот на приеми и отпишани пациенти е прилично еднаков по оној мини-притисок во понеделникот – Филипче.
Тој посочи дека процесот на вакцинација се одвива добро.
– Процесот на вакцинација се одвива добро. Вкупно се вакцинирани околу 35 илјади граѓани, заклучно со вчерашниот ден. В понеделник очекуваме да стигнат вакцините на „Фајзер“. Подготвени сме да ги преземеме – изјави министерот, додавајќи дека вакцините ќе стигнат преку Софија.