Имаме вработен кој бил во близок контакт со поединец кој бил позитивен со Ковид-19. Вработениот е во само-карантин и е тестиран. Овој вработен чека резултати што ќе бидат достапни во рок од 2-3 дена. Здравјето и безбедноста на нашите вработени е наш приоритет и како дел од нашиот процес и во координација со локалната власт ги презедовме сите законски мерки, се вели во официјалното соопштение на прилепската фабрика „Гентерм“.
Во фабриката презеле повеќе мерки, со кои се следеле сите протоколи.
– Вработените кои биле во близок контакт со овој вработен за време на работата и транспортот до / од работа, се известени и испратени дома да се изолираат 14 дена. Нашиот објект ќе биде затворен од 2 април 2020 година за да се дезинфицира од овластена компанија. Тесно соработуваме со локалната здравствена и епидемиолошка установа, каде тие ги одобрија сите наши активности. „Гентерм“ ги следи упатствата на СЗО и регулативите и препораките на локалната самоуправа во однос на спречување на Ковид-19, вклучувајќи: обезбедување дополнителна опрема за лична заштита, упатствата за социјално растојание за сите работници, спроведување на проверка на температурата за вработените, средства за дезинфекција во нашата установа за засилена лична дезинфекција. Објектот се чисти и дезинфицира неколку пати по смена. Следени се и упатствата за намалени лица за превоз на вработените. Автобусите се дезинфицираат – велат од фирмата „Гентерм“.
Инаку, од СВР Битола информираат дека синоќа две лица не го почитувале полицискиот час и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави. Претходните денови се поднесени 13 кривични пријави за 23 сторители.
Девет лица добиле решенија за изолација, а 152 лица се во самозиолација.
Ка.М.