Во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот,Ковид-19,три лица од Кичево не ја почитувале забраната.
Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир,кражби ниту сообраќајни незгоди. Полициските службеници извршиле и 15 контроли врз лица во изолација и 36 контроли врз угостителски и други објекти на ниво на СВР Охрид.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија„ ОВР-Кичево до надлежното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицето З.З.(50) од Кичево.Тој на 18 мај во 19,20 часот бил затекнат на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, при што полициските службеници констатирале дека нема соодветна дозвола за движење и не ја почитувал мерката за забрана на движење на населението за време на полициски час од 19 до 5 часот наутро. З. Ант.