Познатиот синџир на супермаркетите „Тинекс“ донираше 555 заштитни скафандери за медицинските работници.
– Континуирана е грижата на „Тинекс“ за нашите здравствени работници и јавните медицински установи кои се во првите редови во борбата со корoна вирусот.
Во ковид-центарот при ЈЗУ на Универзитетската Клиника за кардиологија – Скопје, дониравме 555 заштитни скафандери за медицинските работници. Донацијата е во вредност од 100.000 денари. Нивното здравје и заштита ни се многу важни затоа што тие несебично се грижат за што поуспешно лекување на болните од корона – велат од „Тинекс“.