Владата објави Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи во земјата, односно единиците во состав на истите, при изведување на испитите.
Полагањето на испитите ќе се врши по овие мерки:
1. Секоја високообразовна установа треба да одреди лице или лица, кои вршат дезинфекција на студентите и објектите кои можат да имаат контакт.
2. Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од високообразовната установа.
З. Високобразовната установа на влезот на објектот лепи едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
4. Доколку испитот се полага усно, помеѓу секој термин, односно распоред за усно полагање на испит потребно е да има пауза во траење од најмалку 10-20 минути.
5. Доколку испитот се полага писмено високообразовната установа постапува или ги реди масите/клупите за полагање во просториите/салите, определени за таа намена, кои треба да овозможат најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата, односно студентите и носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете.
6. Во просторијата каде се изведува испитот високообразовната установа претходно ги означува местата на кои е дозволено седењето со почитување на меѓусебното растојание: Присутните задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици.
7. Во просторијата каде што се спроведува испитот задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
8. При испит, доколку се користат определени ресурси, средства и материјали, потребно е задолжително истите да бидат дезинфицирани и при секоја наредна употреба истите повторно да се дезинфицираат.
9. Просторијата во која се спроведува испитот/испитите е потребно почесто да се проверува, по можност за време испитот и задолжително во текот на паузите.
10. За време на паузите се забранува групирање на присутните, односно студентите во високообразовната установа.
11. По завршување на испитите, потребно е просториите да се исчистат (особено работната површина на која се работело) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,0596 натриум хипохлорит (596 белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни површини.
12. Во просториите на високообразовните установи (внатрешниот дел) за испит и на излезот од објектот потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.
13. Во високообразовните установи е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.