Стопанска банка а.д. Битола ги презема сите соодветни мерки со цел ефикасно, непречено и безбедно работење во оваа ситуација. Покрај тоа што банката води сметка за заштита на своите вработени и своите клиенти, таа презема и дополнителни мерки за заштита на пензионерите од Битола, кои се сметаат за поризична група на граѓани.

Со цел да ги заштити пензионерите пред исплатата на пензиите, банката ќе подели 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на пензионерите во Битола.

Исто така, за да не се создаваат непотребни турканици, банката со исплата на пензиите ќе почне уште од утре, 24 април, преку мрежата на банкомати, а со готовинска исплата, согласно претходно утврден распоред за посета на експозитурите, ќе почне на 27 април.

М.М.