Веќе нема шегување. Сите кои не ги почитуваат препораки на Министерството за
здравство и Владата ќе мора да го одврзат ќесето и скапо да ја платат својата
недоговорност.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против три лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија” од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинети се двајца сопружници од Битола на возраст од 43 и 40 години.

Тие заедно со нивното малолетно дете на возраст од 17 години и уште едно лице
од Скопје на возраст од 18 години, со престојувалиште во Битола, на иста адреса, со
семејството, биле должни во периодот од 14 март до 28 март година да бидат во
домашна самоизолација и да не го напуштаат своето живеалиште/престојувалиште,
бидејќи допатувале од Италија преку Грција, информираат од Јавното обвинителство.

Но, тие не постапиле според прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање
или спречување на епидемија на заразната болест предизвикана од коронавирус ковид-19 и на 19 март го напуштиле домот.
Н

адлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот суд Битола на трите
полнолетни лица да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 40 евра. За малолетното дете, пак, до судијата за деца при Основниот суд Битола е поднесено Барање за поведување подготвителна постапка. М.М.