Министерството за здравство информира дека на веб-страницата на Институтот за јавно здравје, во делот за извештаи за состојбата со коронавирусот во земјата, може да се следи и состојбата на дијагностицирани пациенти по општини, вклучително и општините на територијата на град Скопје.
Денеска, беа регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Од нив, 11 лица од инфицираните се од Скопје, четири од Прилеп, двајца од Куманово и едно лице од Тетово.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 до 12 часот изнесува 219 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на заразени со коронавирус се регистрирани во: Скопје (134), Дебар (43), Куманово (17), Штип (8), Прилеп (6), Охрид (3), Велес (3), Кавадарци (2), Тетово (2) и Гостивар (1).
Досега три лица закрепнаа по болничкиoт третман, но има и тројца починати пациенти. Првиот смртен случај беше жена од Куманово, второпочинатиот беше маж од Дебар, а третата жртва е жената од Дебар, која беше повратник од Бреша, Италија, и долго време беше на распиратори.