Министерството за надворешни работи соопшти дека 102 студенти од земјава кои студираат на универзитети во Турција биле успешно вратени во Македонија.
Споерд МНР, ова е вкупно седми организирано спроведен хуманитарен конвој, а трет од Турција, по започнувањето на процесот на репатријација на наши државјани, затекнати во странство поради пандемијата на коронавирусот.
Станува збор за студенти кои студирале во Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг, а со помош на турскиот Директорат за дијаспора биле транспортирани до турско-бугарската граница.
Со ова, вкупната бројка на репатрирани македонски граѓани со посредство на Министерството за надворешни работи до денес изнесува 3.870.
МНР воедно упатува благодарност кон надлежните власти во Турција и Бугарија за соработката и обезбедувањето на непречен транзит.