Пуштена е во употреба онлајн-платформата „ковид19вакцинација.мк“ на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација.
– Сите одговори на најчесто поставувани прашања во однос на вакцинацијата се сублимирани и достапни тука. Преку оваа страница може да се пристапи кон апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против ковид-19. Имунизацијата е безбеден и ефикасен процес и е единствен начин за превенција од ширење на заразни болести и спасување животи. Денеска се достапни вакцини за над 20 болести кои спасуваат милиони животи ширум светот. Сите вакцини против ковид-19 се развиени на безбедни платформи и се моќно глобално оружје кое треба да стави крај на пандемијата – соопшти Министерството за здравство.