Министерот за здравство Венко Филипче во објава на социјалните мрежи вели дека сите граѓани на Скопје над 40 години добиле термини за вакцинација.
Тој известува дека во следните три дена термини ќе добијат и останатите граѓани во земјава кои се над 40 годишна возраст.
– Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. – пишува Филипче на Фејсбук.
Тој потсети дека од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.
Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk, напиша министерот за здравство.