Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на ковид-19, од кои во: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по 2, Валандово и по еден заразен во Богданци и Македонски Брод.

Во текот на изминатото деноноќие пријавени се и 7 починати лица: 5 од Скопје (69, 71, 79, 81 и 82 години) и 2 лица од Велес (68 и 69 години). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, се пријавени три починати лица во периодот од 20 август до 4 ноември 2021. Регистрирани се починати лица од Скопје, Куманово и од Гостивар на возраст од 72 до 83 години, од кои сите се починати во домашни услови.

Во изминатите 24 часа пријавени се 320 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по 12, Кочани и Струмица по 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по 2 и по еден оздравен од Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево.

Направените 3.029 теста се преку: ИЈЗ – 267, ЦЈЗ Скопје – 51, ЦЈЗ Битола – 91, ЦЈЗ Прилеп – 50, ЦЈЗ Тетово – 68, ЦЈЗ Куманово – 55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, Судска медицина – 1, лабораторија во болницата во Козле  -19, Институт за микробиологија – 162, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 64, „Авицена“ – 183, „Биотек“ – 140, „Систина“ – 77, лабораторија „Лаор“ – 88, „Синлаб“ – 12, „Ремедика“ – 15, „Плодност“ – 49, „Генеа“ – 5, „Никоб лаб“ – 299, „ВФВ медикал“ – 27, „Ели медика“ – 51, „Ројал медика“ – 7, „Спектра-ММ“ – 10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.465.

Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 89.723, Активни 3.583
Куманово 12.434, Активни 420
Тетово 11.096, Активни 173
Прилеп 9.622, Активни 352
Гостивар 8.017, Активни 32
Битола 7.665, Активни 412
Велес 6.915, Активни 351
Кавадарци 6.429, Активни 309
Штип 6.270, Активни 245
Охрид 6.202, Активни 201
Струмица 5.936, Активни 101
Кичево 4.147, Активни 105
Струга 3.849, Активни 45
Кочани 3.674, Активни 217
Гевгелија 2.604, Активни 108
Неготино 2.433, Активни 81
Свети Николе 2.043, Активни 86
Крива Паланка 1.709, Активни 154
Радовиш 1.622, Активни 60
Ресен 1.602, Активни 53
Дебар 1.453, Активни 3
Берово 1.280, Активни 54
Делчево 1.201, Активни 69
Виница 1.099, Активни 37
Пробиштип 1.056, Активни 74
Валандово 868, Активни 26
Кратово 675, Активни 47
Богданци 593, Активни 18
Крушево 559, Активни 23
Демир Хисар 512, Активни 53
Македонски Брод 480, Активни 5
Демир Капија 410, Активен 1
Македонска Каменица 369, Активни 43
Пехчево 324, Активни 4
Дојран 151, Активни 7