Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има седум нови случаи на коронавирус, а од заразната болест оздравеле пет лица.
Бројот на активни случаи изнесува 39, од кои 29 се наоѓаат на домашно, а 10 на болничко лекување.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 58 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата изнесува 365, а како последица на коронавирусот починале 24 лица. Ка.М.