Од утре, петок, 13 март, се укинува и туристичката линија „City tour“, наменета за туристички разглед на градот, соопшти ЈСП.
– Линијата нема да сообраќа во наредниов период, односно до идните одлуки согласно препораките и мерките за заштита и превенција од коронавирусот – се наведува во соопштението.
ЈСП претходно информира дека од утре се укинуваат и линиите до Средно Водно, а нема да работи ни Жичарницата.