Тој објави дека утрово е јавен еден пациент дојден од Германија кој се тестира.
– Пациентот кој на седми март е дојден од Германија, утрово качил висока температура – појасни Филипче кој исто така информираше дека вчера е назначена нова директорка на Клиниката за дерматовенерологија.
Министерот посочи дека очекувано е да се прогласи пандемија на светско ниво, но нема генерални препораки за секоја земја. Сепак, министерството во консултација со СЗО ги дава мерките за домашното население.
– Утрово на редовниот состанок се разгледани низа мерки на Владата, имавме разговори со колеги од Италија, кои ни укажаа дека после воведувањето на ригорозните мерки заразата не се шири, ова ни укажува дека треба да бидеме порадикални и на денешната седница ќе ги разгледаме мерките – кажа министерот кој соопшти и за новата забрана кафетериите и рестораните да работат до 18 часот и тоа со преполовен капацитет.
Исто така се воведува забрана за сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, а се затвораат и сите киносали, театри, обложувачници, казина, вежбалници и сл.
Филипче посочи дека клиниките ќе работат само за итни случаи, а редовните терапии за хронично болните ќе можат да се земаат на матичен доктор.
– Верските заедници ќе мора строго да се придржуваат до мерките и да нема собири – нагласи министерот Филиче.
Додаде дека имало и информација според која поради заразените се створила паника во Дебар, но проверивле и тоа се покажало како неточно. Сепак, засилен е бројот на епидемиолозите на терен.
Министерот повика на јавна свест кај луѓето, за, како што рече, да не дојдеме во ситуација како во Италија, каде има полициски час и луѓето не смеат да излезат од дома без придружба на полиција.