Од денеска се затвораат сите ковид-центри на интерните клиники и во комплексот „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за здравство.
Ковид позитивни пациенти ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Клиниката за инфективни болести.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 142 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.