СВР Битола, која покрај Битола, ги опфаќа уште општините Прилеп, Демир Хисар, Крушево, Ресен и Макеоднски Брод викендов исконтролира 1.183 лица, кои во моментот се во изолација во овие градови.
Најголемиот број од нив се од Битола, каде што во изолација се вкупно 630 лица кои се водат како позитивни на вирусот ковид-19, или пак имале контакт со лице каде е потврдено присуството на ковид-19
Од останатите општини во изолација се 298 лица во Прилеп, во Ресен 98, во Демир Хисар се 100, во Крушево 31, а во Македонски Брод 27.
М.М.