Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники немало приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти. Во ковид-центрите на интерните клиники се лекуваат 47 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на коронавирусот.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, известува ресорното министерство.