Во Македонија вчера беше регистриран рекорден број на новозаразени и излечени пациенти во последните 24 часа.
Како што информира Министерството за здравство, вчера беа регистрирани 205 новозаболени, а оздравени се 336 пациенти, на тестирани 1.728 примероци.
Вчера починаа 6 лица, четири пациенти од Скопје и двајца од Гостивар, на возраст од 62 до 80 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати – 368, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.