Продолжениот полициски час во Куманово за време на викендов, кој ќе трае од вечерва од 21 часот до 05 часот во понеделник, меѓу граѓаните внесе паника, а улиците во градот веднаш беа преплавени од колони автомобили.
Откако попладнево дел од граѓаните на Куманово ја слушнаа веста од Владата за продолжен полициски час во градот за време на викендов многу од жителите веднаш со своите автомобили се упатија кон поголемите маркети за да се снабдат со прехрамбени производи и покрај тоа што полицискиот час ќе трае само 56 часа.
Оваа потрошувачка паника на дел од граѓаните создаде и дополнителни проблеми кај трговците, кои за момент беа затечени од преголемиот број потрошувачи пред влезните врати на маркетите. Проблем настана и во малите продавници, со оглед на тоа што и трговците си имаат свој ред и свои правила на работење, односно во продавниците се пуштаат само по еден или двајца потрошувачи, коишто мора да бидат и на одредено растојание еден од друг.
Т.Д.