Прес-конференциите на Владата од денеска ќе се реализираат исклучиво преку онлајн-стрим, без присуство на новинари и сниматели во центарот за медиуми, со оглед на вонредната состојба поради коронавирусот, соопшти Владата.
Целта на овие мерки се заедничка заштита и обезбедување на услови за работа согласно актуелната ситуација.
Медиумите ќе ги испраќаат прашањата преку електронска пошта, најдоцна 15 минути пред почетокот на прес-конференцијата.