Денеска почнува вакцинирањето на поголем број на граѓани против ковид-19.
Вакцинирањето според најавите ќе се одвива со руската вакцина „спутник В“ и тоа на пунктови во салата „Борис Трајковски“ во Карпош.
Соопштено е дека се закажани термини за 3.000 граѓани.
Според планот во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица кои работат во МВР, АРМ, новинари, служби од Град Скопје, возачи на автобуси, пожарникари, вработени во Обвинителството и во судовите, паратините, воспитувачки во градинки.
Предвидено е вакцинацијата со 20.000 руски вакцини што ни ги донираше Србија, да се одвива на 48 пункта.
За спроведување на најавеното ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени, места за 15-20 минути опсервација по завршување на вакцинирањето и обележани делови за Итна медицинска помош доколку тоа биде потребно.