Утрово почна вакцинацијата со вакцината на „Астра зенека“ на лица над 77-годишна возраст во Македонија. Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека досега се закажани 5.976 термини за вакцинација.
– Првично пуштени се 9.577 термини, а досега се закажани 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77-годишна возраст. Вакцинацијата ќе се одвива на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно – вели Филипче.
Пунктовите за вакцинација се отворија во 8 часот, а ќе работат до 20 часот секој ден од понеделник до петок.
Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација е должен да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа каде се спорведува вакцинација против ковид-19.
Филипче рече дека со вакцината на „Астра зенека“ нема да бидат вакцинирани лица под 60 години, по двата извештаи на Канада и на Германија.
Инаку, Германија одлучи да ја запре вакцинацијата на лица помлади од 60 години со оваа вакцина, а Канада одлучи да не ја дава на лица помлади од 55 години.