Се финализираат подготовките на СЦ „Борис Трајковски“ каде што ќе се врши масовна вакцинација, информираше министерот за здравство Венко Филипче преку неговата официјална фејсбук-страница.
Тој наведе дека подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5.000 граѓани дневно. Согласно планот ќе се работи во две смени од 8 до 20 часот.
Вакцинацијата која вчера започна на вакциналните пунктови ширум државата се одвива одлично, додаде Филипче.