Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 971 тестирање, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, од кои најголемиот број се од Скопје.
Починаа пет лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта починал пациент од Прилеп (72).
Во ГОБ „8 Септември“ починале тројца пациенти од Скопје – пациентка на возраст од 60 години, примена на 5 јуни, пациент на возраст од 64 години, примен на 8 јуни, и пациент на возраст од 59 години, примен на 8 јуни, и еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст, примен на 30 мај.
Најголем број нови случаи се во: Скопје – 131, Куманово – 24, во Тетово има пет нови случаи, во Велес – четири, по два нови случаи има во Штип, Прилеп, Струга, Гостивар и во Свети Николе и еден нов случај во Охрид.
Во Скопје најголем број активни случаи има во Чаир – 209, во Бутел – 76, во Аеродром и Гази Баба по 75, во Центар – 73, во Карпош – 72, во Сарај – 64.
Во Кисела Вода активни се 43 случаи, Ѓорче Петров – 35, Шуто Оризари – 26, во Студеничани и Арачиново има по 24 активни случаи, во Илинден – 19, во Петровец активни се шест случаи, во Чучер Сандево – четири, два случаја има во Сопиште и двајца странци.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, и тоа во: Скопје – 12, Штип – еден, Тетово – три и во Велес двајца оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.538, бројката на оздравени пациенти е 1.682, на починати 169, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.687.
Во согласност со тоа, последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 1.592, активни 960
• Куманово – 597, активни 179
• Дебар – 53, активни 2
• Штип – 227, активни 187
• Прилеп – 222, активни 27
• Тетово – 317, активни 147
• Струга – 111, активни 36
• Велес – 149, активни 29
• Битола – 30, активни 3
• Охрид – 46, активни 29
• Кавадарци – 6, активен 1
• Гостивар – 54, активни 31
• Гевгелија – 6, активни 2
• Струмица – 7, активни 4
• Крива Паланка – 7, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 53, активни 22
• Пробиштип – 11, активни 9
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 0
• Берово – 2, активен 1
• Валандово – 3, активни 2
• Виница – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 3, активен 1
• Свети Николе – 5, активни 4
• Кичево – 3, активен 1
• Ресен – 1, активени 1
• Неготино – 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 40.004 тестирања на ковид-19. Денеска, нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и во Прилеп хоспитализирани се 36 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.